Топлото и сончево време, денес,  намами голем број охриѓани на прошетка.

И покрај тоа што станува збор за работен ден, попладнево, најраздвижено беше на градскиот кеј, но и во охридската чаршија каде терасите од кафулињата беа исполнети  до последното место.

Според прогнозите на синоптичарите од утре се предвидува променливо облачно време, а во четврток се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурата во Охрид во  текот на наредните два дена ќе се намали, при што максималната ќе се движи околу седмиот степен целзиусов, додека папк минималната ќе биде три степени. 

OhridNews