Под влијание на топла воздушна маса претстојната седмица не очекува многу топло време со високи температури, кои врвот ќе го достигнат во средината на неделата.
Денес ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 29 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8.
Во вторник ќе имаме претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17-от степен, а дневната ќе се искачи до 30-от степен. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.
Од среда не очекуваат исклучително високи температури кои ќе се движат помеѓу 33 и 40 степени. Исклучително топлото време со максимална температура околу 40 степени Целзиусови ќе се задржи и во следните денови.
OhridNews