По неколкуте врнежливи денови, денешното сончево и топло време ги раздвижи охриѓани кои ги исполнаа терасите на кафулињата, градскиот кеј и чаршијата.
Според прогнозата на синоптичарите и во деновите од викендот не очекува суво и стабилно време, со повремена облачност. Минималната температура ќе се движи меѓу првиот и третиот степен над нулата, а максималната ќе достигне 11 степени целзиусови.
OhridNews