Изоставувањето од составот на Фернандо Торес за натпреварот со Јувентус во Лигата на Шампиони била главната причина за разделбата на Роберто Ди Матео со европскиот првак, Челси.


Италијанецот мечот со “старата дама“ го започна без класичен шпиц. Како “лажна“ деветка дејствуваше скапата аквизиција Хазард, кој и не се снајде баш најдобро на таа позиција.

Роберто Ди Матео првата измена ја направи при негатива од 1-0 и тогаш не се реши во игра да го внесе Шпанецот. Тој се одлучи за Мозес, а Торес прилика доби во 71-та минута кога “сините“ имаа негатива од 2-0.

Пред почетокот на сезоната Ди Матео иако го исполна сонот на рускиот тајкун освојувајќи го долго посакуваниот трофеј во Лигата на Шампиони, не беше по вкусот на Роман Абрамовиќ.

Притиснат од медиумите и дел од фудбалерите, Абрамовиќ на Ди Матео му предложи  две годинишен договор, кој италијанецот не го одработа ни половина.

Мх.П.