Градската пресметка помеѓу Јувентус и Торино, комплетно помина во знакот на „бјанконерите“, кои славеа со високи 4-1 (2-1). „Старата дама“ после половина час игра водеше со 2-0. Торино се врати во игра со гол во финишот од првото полувреме. Во вториот дел, Јувентус со два нови голови ја запечати победата.

Дербито го одбележаа Џиџи Буфон кој го одигра рекордниот 648 натпрева во Серија А и ремек делот од слободен удар на Кристијано Роналдо.

Во преостанатите денешни натпревари ќе се сретнат Сасуоло – Лече и Лацио – Милан.

OhridNews