Викендов се одржа 16- та по ред манифестација “Тортијада”  во организација на Женски центар “Бисера”, на која учествуваа 17 натпреварувачи.

Во категоријата Професионалци, првата награда ја доби слаткарница “Мис” за тортата “Лебеди”. Второто место го освои слаткарницата “Бајадера” која се претстави со тортата “Коњот на фонтаната”, а третото место и припадна на Елида Танеска за направената торта-  “Убавицата и зверот”.


Во категоријата Аматери, првонаградена е Милева Гликиќ за тортата “Чанта”, второнаградена Маја Мартиноска- Грозданова за тортата “Весела торта” , а трето место е доделено за тортата “Срце” направена од страна на Славица Негрическа.


На победниците им беа доделени парични награди од страна на годинешната покровителка на манифестацијата, Нуртен Махмуд – менаџер на “Суна бои и лакови” од Охрид.

Како што информираат од ЖЦ Бисера, собраните средства по пат на продажбата на тортите ќе се донираат во хуманитарни цели.

OhridNews