Тошак : “Не помислував дека некој може да го скрши мојот рекорд“
15.04.12 09:35
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, а сега актуелен селектор на Македонија, велшанецот Џон Тошак рече оти не ни помислувал дека некој некогаш ќе може да го “скрши“ рекордот на 107 постигнати гола во една сезона.
Тој во 1990 година го предводеше тимот на Реал до титулата во Примера, постигнувајќи 107 гола, рекорд кој е сеуште актуелен.
Но по вчерашниот триумф на Реал од 3-1, тој е изедначен, и се очекува на мечот во “Ел Класико“ да биде надминат.
– Години наназад им кажував на моите пријатели дека овој рекорд никогаш нема да биде достигнат, но овој тим го имат тој рекорд на дофат. Многу е полесно да се рече, отколку да се оствари. Тие просечно постигнуваат по три гола на натпревар што навистина е неверојатно – рече Тошак (63) за шпанската “Марка“.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...