Разочаран сум од недисциплината на репрезентацијата – вака го започна пресот селекторот Џон Тошак и додаде, искрено неможат да се остварат добри резултати без неколку стандарни првотимци на кои ја базираме нашата игра. Македонија во 9-то коло од квалификациите за ЕП 2012 во Полска и Украина беше декласирана со 4-1 од Ерменија.


Главоболките за велшанецот не престануваат. Поради “жолтица“ на последниот натпревар пред своите гледачи не може да смета на М. Иваноски, Попов и Шумуликоски кој заработи црвен картон на дуелот со Ерменија. Листата на повредени се прошири со Д. Георгиески, Хасани, Трајковски и Муарем, таму веќе се наоѓаат Пандев и Ибраими. Дополнително во А тимот се повикани десниот бек Ристовски, Фазли и Димитриовски.


Многу ми недостасува Пандев во “кроењето“ на екипата, тој е капитен, лидер на репрезентацијата и врвен фудбалер. Најдобра илустрација за тоа беше натпреварот со Русија кога среќата ни го сврте грбот. За дуелот со Словачка мислам дека ќе “скрпиме“ добра екипа која конечно ќе ги израдува навивачите – вели Тошак.


Ефикасноста на напаѓачите е на ниско ниво, Македонија постигна седум погодоци во девет натпревари од кои три на дуелите со Андора.

Закажавме пријателска средба со Албанија во ноември, тогаш ќе добиеме појасна слика за изгледот на репрезентацијата. За тој меч ќе ги повикам Ристиќ и Наумоски кои не се заборавени, место во екипата ќе има само за 100% подготвени фудбалери – заврши селекторот.


Ohridnews