По објавениот список за фудбалери за пријателскиот меч против Литванија, селекторот Џон Тошак за веб-страната на ФФМ, ја даде следнава изјава.
„По одигрувањето на двата натпревари во месец мај оваа година во Португалија, од кои како што претходно кажав сум задоволен, ова е наш следен а воедно и последен контролен натпревар пред почетокот на квалификациите за СП во септември, кога имаме два интересни натпревари со Хрватска и Шкотска. Бидејќи е ова пријателски натпревар и последен тест, повикав 20 играчи и 3 голмани бидејќи сакам на последниот собир пред квалификациите да се видам со повеќето играчи и да и овозможам на федерацијата да обезбеди визи за играчите за Шкотска, патување за кое визната процедура е малку комплицирана.
Морам да кажам дека месец август е малку незгоден термин за пријателски натпревар бидејќи играчите се во различни фази на кондициска подготовка и натпреварувачка форма. Дел од нив започнаа со првенствени натпревари но некои се во фаза на подготовки за новото првенство.
Ме радува што сите играчи се во добро здравје и нема повредени, освен Ибраими кој има полесна повреда, која ќе биде санирана до нашиот натпревар со Литванија на 15 Август”- рече Тошак.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com