Тошак : “Верувам дека Македонија може да оди на СП“
01.10.11 18:46
Денеска во престижниот хотел Александар Палас, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак одржа прес конференција на која новинарите се интересираа за подготовките на националниот тим за последните две квалификациски средби за ЕП.
– Задоволен сум до групата на играчи кои беа во комбинација за претходните две средби со Русија и Ерменија. Затоа и повеќето од нив се тука за средбите со Ерменија и Словачка. За состав на А-тимот конкурираат и некои од играчите од младата репрезентација кои ќе играат во дуелот со Србија. Ние ќе ја анализираме и таа средба и ќе работиме и натаму пред се на пријателските средби за креирање на најдобриот тим за следните квалификации. Сигурно дека вратата не му е затворена на ниту еден играч, па дури ни на Дарко Тасевски. Доколку се случи нешто непредвидено овој викенд тука се уште неколку играчи на кои сметаме. Факт е дека повеќето македонски репрезентативци играат во странство во различни клубови, но кога се тука заедно делуваат компактно, дисциплинирано. Сепак јас сум нов селектор и сакаат да го добијат моето внимание и тоа е добро.
– Ние ќе работиме посебно во сите делови во тимот. Посебно во одбраната, во средниот ред и во нападот но најзначајната наша задача е да ја подобриме ефикасноста. Без голови нема победи.
– Ме прашувате дали Македонија може да освои некое од првите две места во следните квалификации?- Пак ќе кажам кога не би верувал не би бил тука. Почнав како играч во едно мало село во Велс. Верував дека можам да бидам голем фудбалер. И тоа беше моето мото кое ме „туркаше” напред на направам кариера и да стигнам до Ливерпул и престижните трофеи. Истото беше и на стартот од тренерската кариера. Мојот прв тим беше Свонси кој играше во 4-тата Дивизија за потоа стигнеме до Премиершип. Во фудбалот се е можно. Се надевам дека и нивото на македонскиот фудбал ќе оди во нагорна линија бидејќи разликата помеѓу играчите кои играат во странство и играчите кои играат во домашното првенство, а се во националниот тим е видлива- одговори на новинарските прашања Тошак.
Македонската фудбалска репрезентација в среда ќе патува за Ереван каде на 7. Октомври игра против селекцијата на Ерменија а четири дена подоцна е домаќин на Словачка во Скопје.
Фудбалерите на Охрид ја совладаа екипата на Преспа на гостувањето во Рерсен постигнувајќи резултат од 2:0 Двоен стрелец за екипата на Охрид Лихнидос беше Антонио Каланоски Натпреварот беше одигран...
Денес во Втората фудбалска лига на програмата е 10 коло во кое Охрид гостува кај екипата на Преспа Натпреварот Охрид-Преспа се игра од 13:30 часот на стадионот во Ресен OhridNews...
Oдржан X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 во ООУ „Братство Единство“ Охрид На турнирот во организација на ШК Ласкер Охрид и со финансиска поддршка од Општина Охрид учествуваа учениците од сре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.