Селекторот на фудбалската репрезентација Џон Тошак, ја одржа првата прескоференција во новата 2012 година и ги искажа плановите на А репрезентацијата. Велшанецот ја искористи можноста да ги скенира надежите на пријателскиот натпревар со Италија, кој заврши без победник 2-2.

Во младиот тим има неколку фудбалери,  Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Самир Фазли кои располагаат со потенцијал и сериозно сметам на нив во иднина. Голема штета е што не играат стандардно во нивните тимови. Добро е што Хасани замина во Волфсбург, во Бундес лигата каде ќе напредува на физички и технички план. Проблем за мене и за репрезентацијата е што се поклопуваат термините со селекцијата до 21 година која игра квалификации за ЕП но би било добро за нас тие да настапуваат стандардно со што ќе добиеме и ние на квалитет – истакна Тошак.

Селекторот се осврна на работата, во овие шест месеци колку што е тој на клупата.

Видов доста фудбалери, полека имам комплетна слика како би изгледал состав. Ќе селектирам 24 фудбалери и тројца голмани а во тој круг можат да влезат, фудбалери кои играат редовно во своите клубови. Во овие шест месеци одигравме солидни натпревари, освен со Ерменија каде бевме декласирани. Сакам да потенцирам за да имаме позитивни резултати морам сите фудбалери да ги имам на располагање, Пандев, Тричковски, Новески, Шиков, Шумуликоски, Ибраими. Исто така треба да не заобиколат проблеми со повредите, а “под итно“ да ја поправиме (не)дисциплината во екипата, која има заработено најмногу картони во квалификациите – рече Тошак.

Македонија е на нозе поради ракометните случувања на Европското првенство во Србија, велшанецот на македонска клупа истака дека “црвено жолтите“ се гладни за успех во фудбалот.

Минатата година кошарката, оваа ракометот, ме радува фактот дека Македонија е спортска нација, сака успеси на своите репрезентативци во кој било спорт. За да ја вратиме публиката на стадионите, мора да почниме да редиме победи. Групата во која се наоѓаме е доста израмнета, Србија и Хрватска ќе ги “копираат“ БиХ, Словенија и Црна Гора со кои ќе одиграме пријателски средби на некој турнир. Велс е добра репрезентација имаат 16 фудбалери кои настапуваат во Премиер Лигата, но и ние си имаме свои квалитети затоа не се предаваме.

Во минатите квалификациите паѓавме од небо како “раштиман“ авион, додека во квалификациите за СП во Бразил очекувам да се вивниме горе во небото – храбро изјави селекторот Џон Тошак.

А селекцијата првиот натпревар во новата година го игра во фервруар против репрезентацијата на Луксембург.
Мх.П.