Маестрото на левата бековска позиција Тоше Ончев потпиша тригодишен договор со ГРК Охрид.
Ончев изрази голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучиле него да го доведат во редови на ГРК Охрид.
Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја. Се надевам на големи успеси и излез во Европа за наредна сезона, изјави Ончев.

OhridNews












