Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во Министерството.

Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани, потенцирал министерот Тошковски.
OhridNews











