Тошковски: Итно да се реорганизира целокупниот систем за справување со кризи
24.07.24 10:16
Управувачкиот комитет за управување кризи претпладнево на состанок донел одлука да и препорача на Владата итно да донесе одлука за реорганизација на целокупниот систем за соодветно да се справи со секоја криза која би настанала во земјава.
Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој истакна дека по пожарите во земјава во изминативе 13 дена се увидело дека таков систем не постои.
Факт е дека и Центарот за управување со кризи и сите останати институции делуваат во рамки на оние капацитетите што сме ги наследиле, но факт е дека тоа е несоодветно и ненавремено согласно потребите. Ресурсите се тие, луѓето се тие, можностите се тие, но факт е дека наследивме систем кој е руиниран и мораме супштински да го реформираме, изјави Тошковски по состанокот.
Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата беше тема на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов по состанокот извести со колку пожари во моментов се борат пожарникарите и претставници на сите служби, како и за други прашања.
Со седницата раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа членовите на Комитетот Владо Мисајловски – министер за одбрана и Арбен Таравари – министер за здравство, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности – Стојанче Ангелов. На седницата присуствуваа и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Здравко Трајанов, директор на ЈП „Национални шуми“.
На состанокот не присуствуваа министрите Александар Николовски и Тимчо Муцунски.
87 коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3152640 денари Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола Иако добитн...
Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид Советот го сочинуваат 13 членови меѓу нив прет...
На 09112025 во 15:30 часот во ОВР Струга, 40-годишно лице од Охрид пријавило дека во село Мислешево, струшко, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од лице од сМислешево По целосно докум...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.