Следните три дена се резервирани за натпреварите од 17-то коло во Премиер лигата. Градското дерби помеѓу Тотенхем и Челзи ќе биде во центарот на вниманието, овој натпревар ќе се одигра во четврток во 21 часот. Тотенхем, во пресметката на „Вајт Харт Лејн“ ќе влезат со два бода повеќе и натпревар помалку од Челзи.

Колото вечерва ќе го отворат Вулверхемптон и Норич, односно Блекбурн и Болтон.

Лидерот Манчестер Сити, во среда ќе го пречека Стоук, додека второпласираниот Манчестер Јунајтед, на „Крејвен Котиџ“ ќе му гостува на Фулам.

На другите натпревари кои ќе се одиграат во среда: Астон Вила-Арсенал, Њукасл-ВБА, Евертон-Свонси, КПР-Сандерленд и Виган-Ливерпул.

Табела: Манчестер Сити 41, Манчестер Јунајтед 39, Тотенхем (-1) 34, Челзи 32, Арсенал и Ливерпул 29..