Англискиот премиерлигаш Тотенхем го освои трофејот од Ауди купот кој се одржа во Минхен. Во финалето на Алијанц стадионот, „петлите“ после изведување на пеналите го совладаа Баерн Минхен со 6-5, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 2-2.

Тотенхем после 45 минути играа имаа водство 1-0, а на стартот од вториот дел зголемија на 2-0. „Баварците“ со два погодоци во финишот обезбедија егал и пенали, но изгубија после промашениот пенал на Боатенг во седмата серија.

Во малото финале, Реал Мадрид со 5-3 го совлада Фенербахче.

OhridNews