Европскиот вицепрвак Тотенхем се погрижи да биде интересно на клупски план иако нема натпревари откако неочекувано објави дека се разделува со менаџерот Маурицио Покетино.

Ако се погледнат резултатите од оваа сезона разделбата не е сензација но кога ќе се сумира што се направи аргентинскиот стратег за клубот сигурно заслужи нова шанса. „Петлите“ моментално се наоѓаат на 14-та позиција со големо заостанување од екипите кои се на врвот од табелата.

Долго време размислувавме околу одлуката. Разговаравме со бордот на директори и одлуката ја донесовме без брзање после долги анализи. Резултатите оваа и на крајот од минатата сезона беа разочарувачки и мораше да промениме некои работи. – стои во клупското соопштение.

Покетино на клупата од Тотенхем седна во 2014 година.

Како потенцијални наследни на Покетино во Тотенхем се споменуваат Жозе Мурињо и Ед Хауви.

OhridNews