Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите во дербито од рестартот на Премиер лигата ремизирајќи со 1-1 (1-0) во Лондон. „Петлите“ поведоа со голот на Бергвин во првиот дел, а „црвените ѓаволи“ до изедначувачки погодок и бод, стигнаа со погодокот на Бруно Фернандеш од белата точка во второто полувреме.

Во првиот меч денеска Саутемптон како гостин со 3-0 славеше против Норвич.

Утре (сабота) ќе се одиграат мечевите Ватфорд – Лестер, Брајтон – Арсенал, Вест Хем – Вулверхемптон и Бурнмаут – Кристал Палас.

OhridNews