Герет Бејл, најдобриот играч на Тотенхем, за чии услуги интерес
покажуваат најдобрите европски екипи, пред сите Реал Мадрид, Баерн
Минхен и Манчестер Јунајтед, најверојатно и следната сезона ќе остане на
„Вајт Харт Лејн“.

Како што пишува „Mirror“, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, му
понудил на Бејл продолжување на договор за уште една година, со речиси
двојно поголема плата.

Доколку Велшанецот се согласи на условите кои му ги поставил клубот, тогаш неговата неделна плата ќе изнесува 210.000 евра.

Инаку Бејл има договор со Тотенхем кој истекува во 2016 година, играчот е проценет на 74 милиони евра.

“Макфакс“