Вистинско трансфер лудило се очекува денес и утре во англиската Премиер лигата. Екипите имаа уште неполни 48 часа за доведување на играчи а секој клуб максимално треба да го искористи краткиот период.

Клучна улога во најбомбастичните трансфери треба да одигра Тотенхем. Европскиот вицепрвак сериозно загриза за услугите на Пауло Дибала. „Петлите“ за услугите на Дибала подготвени се издвојат 70 милиони евра и да му дадат плата од 10 милиони евра.

Од епилогот на овој трансфер зависи и иднината на Кристијан Ериксен во Тотенхем. Данецот беше скриена желба на Реал Мадрид, но до трансфе не дојде а веројатно ќе заврши на Олд Трафорд. Репрезентативецот на Данска има договор уште една сезона и Тотенхем не сака да ризикува и да остане со празни раце после завршување на оваа сезона. Тотенхем се очекува да прифати понуда од 50-60 милиони евра од Манчестер Јунајтед.

Трансфер период во Премиер лигата трае до четврток на полноќ.

OhridNews