Франческо Тоти е еден од ретките фудбалери во денешно време кој од почетокот до крајот на кариерата остана во еден клуб. Тоти целиот свој фудбалски живот и го посвети на Рома. Во клубот пристигнал како 13-годишен талент, а замина во 2017 година кога се повлече од фудбалот. Во текот кариерата, Тоти дресот на Рома го носел 785 пати а постигнал 307 голови.

Тоти во видео интервјуто за „Скај спорт“ откри дека пред да ја заврши сезоната имал неколку понуди на маса за трансфер од Рома. Најконкретна била Сампдорија, а понуди имало од екипите надвор од Италија.

Пред крајот на кариерата имав понуди да ја напуштам Рома и да продолжам во друг клуб. Можам да кажам дека размислував за заминување бидејќи имав некои идеи. Но мене лично немаше да ми значат уште една или две сезони играње фудбал со кои ќе си го уништев сонот од почеток до крај да останам во Рома. – изјави Тоти.

Тоти пред најголемо искушение бил кога претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез му се јавил и му понудил да се пресели на Сантијаго Бернабеу. Италијанскиот репрезентативец му одговорил негативно и му рекол дека ако сака да игра за него ќе мора да ја купи Рома.

OhridNews