Римската “волчица“ на домашен терен ремизираше со Катанија играјќи 2-2. Рома прокоцка два важни бода во борбата за место во Лигата на Европа.


Капитенот на “волчицата“, Франческо Тоти на мечот со Катанија го забележа 500-от настап во Серија А сите во дресот на Рома. “Ил Капитано“ тоа го круниса со два погодоци,  214-215 во дресот на Рома во “калчо лигата“. Во првиот дел од мечот Франческо Тоти не успеа да реализира пенал, односно Карицо му го прочита ударот.


– Тимскиот исход, секогаш е пред индивидуалниот. Сакавме да го постигнеме тој трет гол за победа, но неможевме. Да го погодев пеналот, можда работите ќе тргнеа на подобро – заклучи капитенот Франческо Тоти.

Мх.П.