Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид, с.Велгошти.
Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои придонеле за високо ниво на експлозивност, велат од ТППЕ Охрид.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е една жена која е преземена од екипите на брза помош, посочуваат од ТППЕ Охрид.
OhridNews
фото. ТППЕ Охрид














