Турскиот прволигаш Трабзон спорт, подолго време го следи македонскиот репрезентативец и член на белградски Партизан, Александар Лазевски и подготвен е за неговиот ангажман да издвои милион и пол евра, како и одреден процент од наредната продажба.

Според турските медиуми, левиот бек во тимот ќе го замени хрватскиот интернационалец Хрвоје Чале, кој во јануари се очекува да го напушти стадионот “Хусеин Авни Акер“.

Представници на турскиот клуб, наводно во вторникот биле на стадионот на Партизан и го проследиле мечот од Лигата на Шампиони, меѓу Партизан и Шахтјор кој заврши со убедлив триумф на украинците од 3-0. Лазевски го одигра целиот натпревар, кој беше петти за него во овогдинешното издание на лигата на шампиони.

Ohridnews