Традиција и духовност низ музика – Концерт посветен на македонските просветители
26.05.25 10:37
Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, по единаесетти пат беше одржан традиционалниот настан посветен на македонската музичка култура, духовност и уметност.
Настанот започна со воведна беседа за животот и делото на македонските просветители од страна на проф. д-р Димитар Пандев. Публиката имаше можност да ужива во извонредни изведби на учениците од Основното музичко училиште – Охрид, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова, како и во настапот на пијанистката Викторија Митеска-Малезан.
Во богатата програма беа изведени дела од Ј.С. Бах, П.И. Чајковски, Ф. Шопен, Д. Шостакович и В.А. Моцарт. Посебно внимание привлече настапот на најмладите музичари, чие музицирање беше дочекано со голем ентузијазам и топли аплаузи.
Настанот беше реализиран со поддршка од Охридско-Кичевска Епархија, Општина Охрид, НУ „Охридско Лето“, Ресторан „Св. Софија“ и Културолошка иницијатива „5 до 12“.
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029 Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал вечерва во салата „Лазар Лечи...
Полициски службеници од полициската станица Охрид, денеска од слобода лишија 55-годишен охриѓаниец Тој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид Н...
Во организација на Министерството за култура и туризам, денеска во Музејот на македонската борба се одржа завршната јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032, на која б...