Со традиционални ора и песни од богатата македонска фолклорна ризница и годинава ќе биде oдбележан големиот христијански празник Велигден во село Велгошти. 

Традиционалниот културен настан во организација на КУД „Илинден“, ансамбл „Филигран“, организацијата на жени од Велгошти и Месната заедница од истото населено место, ќе се одржи во близина на црквата Св. Петка во недела во 11 часот.

Организаторите ги покануваат љубителите на народната песна и оро да бидат дел од оваа манифестација.

OhridNews