Традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ“
во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира утре од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews