Во присуство на деловни партнери, пријатели и верни купувачи чиј број секојдневно расте, денеска беше отворена шеснаесеттата аптека на „Виа Фарм“ на улица „Јане Сандански“ 37А, зграда 1, влез 2, веднаш спроти охридската гимназија.
Нашата нова аптека ВИА ФАРМ 16, своите врати ги отвори со многу изненадувања, подароци и промоции вредни за секого. Покрај тоа што го проширивме нашето семејство со уште една аптека овозможивме одлична можност за промотивни цени, прегледи, совети од стручни лица и дружење со најдобрите брендови. Аптеката има договор со Фондот за продажба на лекови и ортопедски помагала, велат од „Виа Фарм“.
Аптеката „Виа Фарм“ број 16 е производ на овој голем сон и на нашата цврста решеност да создадеме и да одржиме фармацевски бренд кој ќе биде симбол и инспирација за сите во Македонија, вели сопственичката М-р Марица Угриновска Баткоска.
Веројатно една од најкарактеристичните аспекти во професионалната кариера на луѓето е да се напредува, да се создава и да се оставаат дела. Тие – делата се како меѓници кои, меѓу другото, имаат за цел да нѐ потсетат од каде сме тргнале, до каде сме стигнале, односно што сме направиле. Оваа размисла која ја имам денес, по шенаесети пат ме навраќа на почетоците кога скромно започнувајќи да ја градиме „Виа Фарм“, не се штедевме да мечтаеме за големи дела. Сега, кога голем дел од нашите идеи се остварени, продолжуваме да планираме и да чекориме напред заедно со нашите вработени и со нашите ценети клиенти и пријатели, потенцира Угриновска Баткоска.
Од денес до 16 ноември важат и промотивни цени на одредени линии на производи, а нови бреднови кои станаа дел од „Виа Фарм“ семејството се и MAVALA Rituals, GALENIC, VICTORIA’S SECRET, MAYBELLINE, ESSENCE, BIOTEN и ZIAJA.
За потрошувачите денес обезбедивме прегледи со микрокамера и проверка на скалпот на главата, како и проверка на витаминско минерален статус со квантен анализатор, а има и 25% попуст на цела линија на Bioderma, Weleda и Embryolisse, како и подароци од Mavala Rituals, додаваат од „Виа Фарм“.
Медицинската козметика од Uriage, Eucerin, Rilastil, Galenic, Plantur и Pantogar и Mustela ќе може да се купи со 25% попуст, Revalid, Vichy и LaRoche Posay, Aven и Ducray, Jordan и Edel White и Bioten со 20% попуст, а со секоја купена паста за заби Curaprox (детска или за возрасни) следува гратис четка (детска или за возрасни).
Попуст има и на лекови и тоа 50% на цела линија Multi essence, 1+1 гратис на цела линија Omnikum и 25% на Merz special drg.
Во однос на бебешката галантерија во истиот период има 20% попуст за производите на Playgro, MAM, Avent и Bibs, 10% за Daipers, како и подарци со купени производи Pampers и Violeta пелени.
„Виа Фарм“ е растечка, модерна и социјално-одговорна аптека, која постигнува значајни резултати во своето работење и постојано се стреми кон подобрување на услугите и опсегот на својата работа.
Во центарот на своето работење, „Виа Фарм“ аптеките ја има грижата кон пациентите и нивното здравје, потенцираат од фармацевтскиот бренд кој со квалитетот во работењето се етаблира во регионот како водечки аптекарски ланец.
Нашите аптеки се посветени на пружање професионална услуга во согласност со постоечките стандарди на работење, професионален и етички однос кој овозможува достапност до квалитетни и разновидни лекови, кои ги задоволуваат потребите на пациентите, потенцираат од „Виа Фарм“.
Традицијата продолжува, отворена шестнаесетта аптека на „Виа Фарм“
Од 2006 година аптеките „Виа Фарм“ постојано ја прошируваат продажната мрежа и ја збогатуваат својата понуда.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски