Студената езерска вода и годинава не ги спречи жителите од Долна влашка маала традиционално да го одбележат празникот Богојавление-Водици. Заедно со своите пријатели кои за празникот допатуваа од други градови од Македонија тие и овој пат славеа со музика, пача и греана ракија, по што следуваше и капењето за здравје во осветената езерска вода.

И оваа година капењето на жителите од овој дел од градот беше на пладне. Веселата атмосфера и добро расположение го привлекоа вниманието на бројните минувачи и гости во градот.

OhridNews