Празникот Богојавление-Водици, денот на Христовото крштевање во реката Јордан, по 21 пат традиционално се одбележа на градската плажа пред хотелот „Мизо“ чиј сопственик ги отвори вратите за чествување на празникот.
Меѓу капачите кои се фрлија во судената вода на Охридското Езеро најсреќен беше Јован Јолакоски.
Според традицијата, фаќачот на крстот од оваа година, ќе биде кум на манифестацијата наредната година и ќе биде задолжен за празничната трпеза со греана ракија и вино.
Празничната атмосфера беше збогатена со музика, а присутните го искористија убавото време за забава и дружење.
Манифестацијата за Водици во Воска ја проследија и голем број припадници на муслиманската вероисповед, кои им го честитаа празникот на своите соседи и пријатели христијани.
Фото: М.Постоловски























