Занаетчии од сите краеви на Македонија ги изложуваат своите уникатни производи на традиционалната продажна изложба на ракотворби што секоја година ова време се одржува во Охрид.


За разлика од претходните години кога манифестацијата се одржуваше пред Лапидариумот, годинава занаетчиите своите производи ги нудат на Сараиште.


На штандовите може да се најдат народни носии, рачно работена бижутерија, скулптури, уметнички слики, но и сувенири кои се изработуваат во малку позната техника.


Занаетчиите се задоволни од интересот кој го покажуваат посетителите. Тие велат дека странските туристи повеќе прашуваат и купуваат сувенири кои ќе ги потсетуваат на престојот во Македонија.

Ohridnews