Ансамблот за народни песни и игри „Бисери“ од Охрид, вечерва во 19 часот во Центарот за култура, ќе го одржи традиционалниот годишен концерт.

Ансамблот „Бисери“, кој функционира во рамки на  Центарот за култура недамна беше на  гостување во Голубовци, Црна Гора. Гостувањето се реализираше на покана  на Ансамблот „Зета“, кој ја претставуваше Црна Гора на овогодинешниот јубилеен  Балкански фестивал на народни песни и игри, во Охрид. Освен концертот, за време на посетата, се одржала и презентација на македонската кујна и дегустација на македонските вина.

Влезот за вечерашниот концерт на „Бисери“ е слободен.

OhridNews