Лајонс клубот „ Десарети“, традиционално, по седми пат се вклучи во одбележувањето на Денот на гладта. Членовите на клубот донираа 30 пакети, кои преку општинскиот Црвен крст ќе бидат доставени до социјално- загрозените семејства во општина Охрид.
– Оваа донација е со цел колку толку да им помогнеме на социјално загрозените граѓани. Ги повикувам сите институции да донираат и се надевам дека бројот на граѓани за кои е наменета оваа помош од година во година ќе се намалува, рече претседателот на ЛК „ Десарети“, Ристо Речкоски.
Претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков се заблагодари за донацијата и уште еднаш упати апел до граѓаните што помасовно да се вклучат во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта од 16- ти до 22- ри октомври.
OhridNews