Под мотото “ИМАШ 5 МИНУТИ? ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ НЕЧИЈ ЖИВОТ!”, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиологија при Општа болница Охрид, на 19.01.2011 г. (среда) од 08:00 до 14:00 ч. на платото-паркот пред Рибниот ресторан ќе ја организира традиционалната крводарителска акција “ВОДИЦИ 2011”.

На сите оние кои ќе дарувааат крв, организаторот на акцијата ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.

Во рамките на организирањето и одбележувањето на празникот “Богојавление-Водици”, екипите на Црвен крст Охрид ќе се грижат за безбедноста на капачите и посетителите со активирање на 6 тима на спасители на вода и нуркачи задолжени за грижа за безбедноста на капачите при „скокањето по крстот”, како и 4 медицински тима со санитетско возило, кои ќе се грижат за здравствената безбедност на посетителите на манифестацијата.

Исто така, денеска од 19:00-22:00 ч. и на 19.01.2011 (среда) од 08:00-09:30 ч. на пунктот на Црвен крст (шатор пред Рибниот ресторан) на располагање ќе бидат две медицински екипи кои ќе ги вршат потребните здравствени прегледи за сите оние кои планираат да “скокаат по крстот”.

OhridNews