Под мотото „ИМАШ 5 МИНУТИ? ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ НЕЧИЈ ЖИВОТ“ во организација на Црвен крст Охрид, денеска на празникот Богојавление, ќе се реализира традиционалната крводарителска акција „Водици 2017“.

Крводарителската акција ќе се одржи од 9-14 часот во студенстскиот дом „Никола Карев“. 

Организаторот во соработка со Општина Охрид, Зегин и Дебарско-Кичевската епархија на крводарителите ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци. 

OhridNews