Спортските риболовци од Охрид, синоќа во ресторанот „Котва“, ја одржаа својата традиционална годишна рибарска вечер.

Во весела атмосфера и со „вистински“ рибарски приказни за големината на уловените риби, спортските риболовци го означија почетокот на новата риболовна сезона.

Веселото и спонтано дружење беше збогатено со рибарска лотарија, а дел од прибраните парични средства беа донирани за семејството на Музафер Садик, чиј дом неодамна беше уништен во пожар, со што спортските риболовци уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

OhridNews