Подготовката на традиционална храна, начинот на презентирање на понудата и атрактивноста на готовиот производ, се од големо значење за истакнување на уникатноста на Охрид како туристички центар. Ова беше потенцирано на втората работилница од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето“ која се одржа вчера во општина Охрид.
Оваа работилницата ја организираше Секторот за туризам и локален економски развој во соработка со Факултетот за туризам и угостителство, под покровителство на Министeрството за култура. На овој едукативен собир присуствуваа голем број ученици од средното угостителско училиште, студенти и поединци кои се заинтересирани за производство и промоција на традиционалните рецепти и брендирање на локалните призводи.
Во рамки на работилницата, чија цел беше да се поттикне, мотивира и долови креативноста на учесниците, беа презентирани и можностите за отворање на сопствен бизнис преку производство и послужување на традицонална храна на автентичен начин.
OhridNews
Подготовката на традиционална храна , начинот на презентирање на понудата и атрактивноста на готовиот производ се од големо значење за уникатноста на Охрид како туристички центар. Ова беше истакнато во рамки на втората работилница од проектот „ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Општина Охрид “ која се одржа вчера во општина Охрид.
На работилницата која ја организацираше Секторот за туризам и локален економски развој во соработка со Факултетот за туризам и угостителство присуствуваа голем број ученици од средното угостителско училиште, студенти и поединци кои се заинтересирани за производство и промоција на традиционалните рецепти и брендирање на локалните призводи.
Во рамки на работилницата, чија цел беше да се поттикне, мотивира и долови креативноста на учесниците, беа презентирани и можностите за отворање на сопствен бизнис преку производство и послужување на традицонална храна на автентичен начин.