Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат на 20-ти јануари, понеделник со одбележување на Денот на рибарите. 

Манифестацијата ќе започне во 12 часот на градското пристаниште. Чалгии ќе изведуваат староградска музика, а предвидени се бројни натпревари и презентации на рибарски вештини.

Ќе се точи греана ракија и вино, а посетителите ќе може да вкусат рибна чорба и плашица.

Нема да изостане и традиционалното капење по буриња со вино.

OhridNews