Верскиот празник Василица-  Стара Нова година го одбележаа и вработените во Ј.П. „Охридски Комуналец” со вртење на василичарска пита.

Негувајќи ги обичаите карактеристични за охридскиот крај, се бараше паричка во пита која според верувањата на оној на кој ќе му падне, новата година ќе му биде среќна и бериќетна.

Како што информираат од јавното претпријатие, оваа година паричката се падна кај Виолета Шапкароска.

OhridNews