Голема трагедија се случи на традициционалното новогодишно капење во хрватскиот град РИјека. Двајца локални жители се удавиле во разбеснетото Јадранско Море во месноста „Пучина“, јавија тамошните медиуми. Времето во моментите на несреќата било исклучително лошо, а брановите силни, што се гледа од снимката што ја објави весникот „Нови лист“.

– Не предупредуваа од хотелот да не се капиме поради силното невреме, по што се согласивме дека нема да пливаме туку само ќе се држиме за раце во круг да ја продолжиме традицијата, но брановите беа пресилни и дојде до трагедија. – изјавил за хрватските медиуми еден од учесниците на настанот.

OhridNews