Поради дефект на 35 кВ трафостаница Градиште, источниот дел од Охридското крајбрежје вчера остана без електрична енергија. Дефектот се случи како последица на преоптоварување на дистрибутивната мрежа, информира ЕВН.

Корисниците останаа без електрична енергија во 15:40 часот, а екипите на Електродистрибуција веднаш пристапија на терен при што беше констатирано дека мора да се вклучи регионалната екипа за санација. Затоа, најголемиот дел од корисниците беа префрлени во други напојни точки пред да се санира дефектот и истите имаа електрична енергија околу 21 часот, а дел од корисниците на Пештани, Градиште, Трпејца, Свети Наум и Хотел Десарет имаа електрична енергија по целосното отстранување на дефектот во 4 часот наутро. – известува ЕВН.

OhridNews