Голема семејна трагедија го потресе поранешниот фудбалер и тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике откако почина неговата ќерка Хана. Деветгодишното девојче боледуваше од рак на коските и ја загуби битката која водеше со најблиските цели пет месеци.

Последниот тренер кој на Барселона и донесе титула во Лигата на Шампиони преку соопштение ја информираше јавноста за големата загуба.

  • Нашата ќерка Хана почина во деветтата година од животот после петмесечна интензивна борба со ракот на коските. Благодарни сме до сите кои во изминатиот период водеа сметка за нашите барања и ги испочитуваа. Ние Хана ја загубивме, но како фамилија продолжуваме да се бориме. Фала уште еднаш до сите кои на било каков начин ни помогнаа во борбата. – стои во соопштението од Луис Енрике.

Тој не` очекувано во март побара пауза од шпанската селекција а во јуни дефинитивно се повлече без образложување на причините.

OhridNews