Голема трагедија се случи во авто-мото спортот, откако бразилскиот мотошампион Матеус Барбоса го загуби животот, како последица од судирот на трката „Интерлагос“. 23-годишниот Барбоса излета од патеката и директно се удри во заштитната ограда. Починал на лице место од сериозноста на повредите.

Ова е трет смртен случај на патеката „Интерлагос“ во мото-трките. Претходно животот згасна на Маурисио Палуденте и Данило Берто.

OhridNews