Триесетгодишен маж, жител на Охрид, денеска почина од повеќе убоди од стршлени.

Трагедијата се случила во атарот на селото Врбјани, Охридско, при сеча на дрва.

Екипата на брза помош која веднаш била повикана само констатирала смрт.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на истражните органи.

OhridNews