Жител на скопската населба Бутел 1 попладнево пукал во својот дом и ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот. Веднаш потоа 84-годишниот скопјанец се самоубил, jавува телевизија „Телма“.

Полицијата го потврди инцидентот. Се случил на улицата Хо Ши Мин во близина на општина Бутел. Застреланиот внук 32-годишниот Т.С. им подлегнал на повредите на лице место, а сопругата на убиецот и нивната 58-годишна ќерка во сериозна состојба и во животна опасност се префрлени на Ургентниот центар .

Во тек е увид на местото на убиството. 

OhridNews