Тројца навивачи на БиХ загинаа во страотна сообраѓајна несреќа на пат кон дома, по историскиот успех на фудбалската репрезентација која со победа на госи од 1:0 над Литванија обезбеди пласман на СП. Навивачите кои загинаа во собраќајна несреќе во целост го засенја историскиот пласман на Босна и Херцеговина на мундијалот во Бразил следната година.

Еден од навивачите, кој трагично го загуби животот на Светското првенство во Бразил сакал да ја запроси својата девојка. Таа после два дена јавно се огласи на својот фејсбук профил на кој напиша:

Толку многу имав уште да ти кажам и уште толку многу работи сакав да проживеам со тебе заедно, Бибо, љубов моја“. Нема зборови со кои би можела да се опише мојата болка, прерано ме остави сама. Ти се заколнав на вечна љубов и така ќе остане до крајот на мојот живот – стоеше на профилот од несреќната девојка.


Собраќајката во која тројца го загубија животот се случила во Полска, а навивачите се враќаа од гостувањето во Литванија каде „змајевите“ го заверија пласманот на СП.

Мх.П.