Белгискиот велосипедист, Ваутер Вејлант, го загуби животот за време на третата етапа на овогодишното издание на „Џиро д` Италија“.

Вејлант, кој настапуваше за екипата на Леопард-Трек, животот го загуби во судар на надолнина од Пасо дел Бока, за време на етапата која се возеше од Реџо Емилија до Рапај во близина на Џенова.


За време на телевизискиот пренос на трката било забележано како Вејлант лежи на земја и како има обилно крварење, како и тоа дека лекарите морале да ја сечат неговата заштитна кацига пред да започнат со давањето на вештачко дишење, а потоа и адреналински инјекции. По 25 минути, лекарска интервенција, Белгиецот е префрлен во најблиската болница, каде лекарскиот тим не успеал да ги спаси неговиот живот.

Поради трагедијата, во знак на почит кон загинатиот Вејлант, организаторите на „Џиро д`Италија“ го откажаа прогласувањето на победникот, на етапата ма која победи Шпанецот Анхел Висиосо, додека розовата маичка ја облече Дејвид Милар од Велика Британија.

 

Вејлант пред точно една година победи токму на третата етапа на „Џиро д`Италија“, а во криерата има и една етапна победа на „Вуелата“. 

Ohridnews