Трагедија се случи на првата трка од суперспорт серијата во Москва во која италијанскиот мотоциклист Андреа Антонели од екипата „Гоу Илевен Кавасаки“, го загуби животот.

Антонели загина на стартот на првата трка, откако во првиот круг падна од мотоциклот, а на него налета возачот на Хонда Лоренцо Занети.

Антонели на повредите им подлегнал на патот до болницата.