
Како што соопшти полицијата Есма Велија (1991) од тетовското село Палатица и Азби Исмаили (1989) од Теарце се возеле со педалинка во близина на машката плажа во Струга, која во еден момент се превртела. Девојката починала на самото место, а момчето е пренесено во Медицинскиот центар во Струга, каде што подоцна починало.
На местото на несреќата увид вршат екипи на полицијата и истражен судија.












