Шест лица ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Куманово на патот кон Крива Паланка загинаа шест лица. Во несреќата смтно настрадало четиричлено семејство од Скопје, како и две лица од Куманово.

До несреѓата дошло кога автомобил марка „Пасат“, со кумановски таблички, движејќи се кон Куманово, директно удрил во автомобил „БМВ“ со скопски регистерски таблички. Од силината на ударот возилата се запалиле и експлодирале. Во возилото „БМВ“ загинало семејство од Скопје, маж и жена со своите две деца. Нивните тела останале јагленисани во автомобилот. Од „Пасатот“ двајцата патници, едниот од нив полицаец од Куманово, успеале да се извлечат, но набргу потоа починале од повредите и изгорениците, пренесува „Телма“

Полицијата ги истражува причините за несреќата која се случила во тешки услови за возење, при силен дожд, лизгав коловоз, на место кое и порано е обележано како критично за безбедноста на сообраќајот.

OhridNews
извор:„Телма“